Добредојдовтево Порше Скопје
За Порше Скопје
Порше Скопје е компанија која ги застапува автомобилските брендови Volkswagen, Audi, Škoda, SEAT, Porsche и Volkswagen комерцијални возила. Присутна на македонскиот пазар од крајот на 2005 година, таа е единствениот импортер во државата во директна сопственост на производителот на автомобилите – Volkswagen AG.
Порше Скопје е лидер на автомобилскиот пазар со најголем удел во пазарот на нови возила. Успехот не се должи само на моќта на врвните брендови кои се застапуваат и нивниот изграден и препознатлив имиџ, туку и на посветениот начин на работа на локалниот тим и грижата за клиентите.
Експресивен дизајн и иновативна технологија: Новиот Volkswagen T-Roc е тука!
Во салонот на Volkswagen во Скопје пристигна новиот T-Roc: Со свеж дизајн, иновативни системи за помош и бројни дигитални услуги, Volkswagen ја продолжува успешната приказна на својот компактен кросовер модел. Изострената надворешност го дефинира непогрешливиот изглед на новиот T-Roc. Внатрешноста е рафинирана со висококвалитетни материјали, редизајниран инфозабавен систем и дигитален кокпит кој доаѓа како стандард. Иновативната технологија од повисоките класи на возила сега е интегрирана во семејството на компактните SUV модели - во облик на IQ.Light, со LED матрични фарови и системите за помош на IQ.Drive со помош за патување, како и предвидлив ACC темпомат.
Четири прстени на врвот на светот: Audi e-tron GT ја доби наградата World Car 2022
Audi e-tron GT quattro е голем победник на овогодинешното доделување на World Car наградите за автомобили, кои по 18-ти пат беа доделени во Њујорк. Номиниран во категориите Светски Електричен Автомобил на годината, Светски Автомобил со Високи Перформанси и Светски Дизајн на Автомобили на годината, e-tron GT quattro ја однесе титулата Светски Автомобил со Високи Перформанси на најголемата и најпрестижна церемонија на доделување на нови автомобили во светот, наречена „Оскари на автомобилскиот свет“. Повеќе од 100 авто-новинари од целиот свет темелно ги тестираа автомобилите што се квалификуваа, а потоа гласаа за нив.
Порше Скопје за природата
Нашата планета е неверојатна, но нашата помош е сѐ попотребна за нејзино понатамошно опстојување. Затоа секоја година повеќе од милијарда луѓе го слават Денот на Планетата Земја за да ја заштитат планетата од нешта како загадување и уништување на шумите. Со учество во активности како што се собирање отпадоци и садење дрвја, го правиме нашиот свет посреќно и поздраво место за живеење.
Доделени наградите Златно Тркало 2022. Volkswagen ID.4 и Porsche Taycan се победници!
Главната награда ЗЛАТНО ТРКАЛО за Најпосакуван Автомобил во Македонија оди кај Volkswagen ID.4Оваа година, електричниот SUV на Volkswagen се закити со титулата за „Најпосакуван Автомобил во Македонија“ со освоени 38.35% од гласовите. Porsche Taycan ја доби наградата Златно Тркало за Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија.
Новото лице на новиот ŠKODA KAROQ е тука!
Во салоните на ŠKODA во нашата земја пристигна новиот, освежен KAROQ. Иновативниот KAROQ носи голем број значајни подобрувања. Дизајнот, удобната и модерна внатрешност, одржливите материјали, новите технологии и еколошките мотори, како и врвните безбедносни асистенти и поврзувањето.
Македонска премиера на новата ŠKODA FABIA
Дваесет и две години по првото деби на ŠKODA FABIA, импортерот за чешкиот бренд Порше Македонија официјално ја претстави четвртата генерација на популарното градско возило. Основано на модуларната платформа MQB-A0 на Volkswagen групацијата, новата FABIA е најпросторното возило во сегментот, и вклучува бројни функционалности, како и напредни системи за безбедност. Класичните бренд карактеристики на ŠKODA, како одличната вредност за пари, високото ниво на функционалност и бројните Simply Clever решенија, ја прават новата FABIA вистинска ŠKODA.
Пристигна првото електрично Audi. Новиот e-tron Sportback
Иднината е електрична: во салонот на Audi во Скопје пристигна новиот Audi e-tron Sportback. Динамично SUV купе кое нуди моќност до 300 kW и досег кој во зависност од конфигурацијата може достигне до 446 километри (WLTP) со едно полнење на батеријата*. Неговите дигитални Matrix LED светла се нова карактеристика што сега е достапна кај e-tron. Нивната светлина се дели на ситни пиксели и може да се контролира со исклучителна прецизност. Ова го олеснува центрирањето на светлината пред возачот, без воопшто да попречува на возилата кои доаѓаат од спротивната лента.
Новата SEAT Arona го освежува сегментот со поцврст изглед и револуционерен ентериер
Од претставувањето во 2017 година, SEAT Arona беше успешен модел, произведувајќи близу 400.000 возила и е поставен како клучен столб во понудата на брендот. Сега, новата SEAT Arona е подготвена да го продолжи успехот на овој модел во време кога пазарот на SUV возила уште повеќе се шири.
Сервис на возила
Сервис на нови и употребувани возила
Оригинални резервни делови
Оригинални резервни делови
Перење на возила
Перење на возила
Лимаро-фарбарски услуги
Лимаро-фарбарски услуги

Резервација на термини за работилница
Лесно и едноставно е да се закаже онлајн работилница!
carlog - Една сметка за сите портали
Новиот Taycan GTS. Енергија на иднината.
GTS е кратенка за Gran Turismo Sport. Од Porsche 904 Carrera GTS од 1963 година, овие три букви имаат посебно значење за љубителите на Porsche. Сега, постои дериват со оваа легендарна комбинација на букви во секоја серија на модели на Porsche. Новиот електричен спортски автомобил кој ја носи оваа кратенка е Taycan GTS. Со досег до 504 km, врз основа на бројките според WLTP, новиот спортски модел е првиот Taycan кој ја проби границата од 500 km.
Новиот T-Roc. Карактер со самодоверба
Volkswagen T-Roc е вистински сеопфатен. Не само што импресионира со својот впечатлив, динамичен дизајн, туку и со неговата флексибилност. Со своите разновидни опции за дизајн, тој ви нуди поголема слобода - слобода за спонтани планови, продолжени патувања и разновидноста на секојдневниот живот.
НОВИОТ KAROQ. ПРОНАЈДИ ГО СВОЈОТ ПАТ
Ви ја претставуваме новата подобрена верзија на најуспешниот SUV на ŠKODA, новиот KAROQ. Еволуцијата на KAROQ носи значителен број подобрувања во дизајнот, комфорот, одржливите материјали, новите технологии, економичните мотори, врвните безбедносни асистенти и поврзувањето.Со повеќе од 500.000 продадени примероци, KAROQ е еден од носечките модели на ŠKODA. Модернизираната верзија има нов дизајн, подобрена аеродинамика и современи системи за помош и инфозабава.
Новиот SEAT Leon. Роден под сонцето!
Ви го претставуваме новиот SEAT Leon. Moќен. Поврзан. Магнетно привлечен. Best Buy Car во Европа за 2021.Новиот Leon е најнапредното возило на SEAT. Еволуцијата на дизајнот е на сосема ново ниво. Со најнапредните верзии на моќните TSI и TDI мотори и целосната поврзаност, Leon е комплетно подготвен да го освои компактниот сегмент. А врвните безбедносни системи значително ја зголемуваат сигурноста и комфорот во возењето.
Новиот e-tron Sportback
Иднината е електрична: во салонот на Audi во Скопје пристигна новиот Audi e-tron Sportback. Динамично SUV купе кое нуди моќност до 300 kW и досег кој во зависност од конфигурацијата може достигне до 446 километри (WLTP) со едно полнење на батеријата*. Неговите дигитални Matrix LED светла се нова карактеристика што сега е достапна кај e-tron. Нивната светлина се дели на ситни пиксели и може да се контролира со исклучителна прецизност. Ова го олеснува центрирањето на светлината пред возачот, без воопшто да попречува на возилата кои доаѓаат од спротивната лента.
Новиот Cayenne.Композиција на врвен квалитет.
Porsche го лансираше новиот Platinum Edition за одбрани модели на Cayenne. Ова специјално издание на SUV се карактеризира со ексклузивни дизајнерски елементи во сатенска Platinum боја, како и со дополнителна стандардна опрема. Резултатот е особено стилски изглед заедно со атрактивна цена. Достапни се Platinum Edition на Cayenne, Cayenne E-Hybrid и Cayenne S, како и соодветните Coupé варијанти.