Porsche SkopjeВести

Сите најнови вести, понуди и промоции од Porsche Skopje можете да ги најдете тука.

Вести и понуди

Сите најнови вести, понуди и промоции од Porsche Skopje можете да ги најдете тука. Користете ги филтрите подолу за да ги видите вестите и понудите според брендот.

  • Експресивен дизајн и иновативна технологија: Новиот Volkswagen T-Roc е тука!
    Актуелности16.06.2022

    Експресивен дизајн и иновативна технологија: Новиот Volkswagen T-Roc е тука!

    Во салонот на Volkswagen во Скопје пристигна новиот T-Roc: Со свеж дизајн, иновативни системи за помош и бројни дигитални услуги, Volkswagen ја продолжува успешната приказна на својот компактен кросовер модел. Изострената надворешност го дефинира непогрешливиот изглед на новиот T-Roc. Внатрешноста е рафинирана со висококвалитетни материјали, редизајниран инфозабавен систем и дигитален кокпит кој доаѓа како стандард. Иновативната технологија од повисоките класи на возила сега е интегрирана во семејството на компактните SUV модели - во облик на IQ.Light, со LED матрични фарови и системите за помош на IQ.Drive со помош за патување, како и предвидлив ACC темпомат.

  • Audi e-tron GT
    Актуелности05.06.2022

    Четири прстени на врвот на светот: Audi e-tron GT ја доби наградата World Car 2022

    Audi e-tron GT quattro е голем победник на овогодинешното доделување на World Car наградите за автомобили, кои по 18-ти пат беа доделени во Њујорк. Номиниран во категориите Светски Електричен Автомобил на годината, Светски Автомобил со Високи Перформанси и Светски Дизајн на Автомобили на годината, e-tron GT quattro ја однесе титулата Светски Автомобил со Високи Перформанси на најголемата и најпрестижна церемонија на доделување на нови автомобили во светот, наречена „Оскари на автомобилскиот свет“. Повеќе од 100 авто-новинари од целиот свет темелно ги тестираа автомобилите што се квалификуваа, а потоа гласаа за нив.

  • Порше Македонија за природата
    Актуелности21.05.2022

    Порше Скопје за природата

    Нашата планета е неверојатна, но нашата помош е сѐ попотребна за нејзино понатамошно опстојување. Затоа секоја година повеќе од милијарда луѓе го слават Денот на Планетата Земја за да ја заштитат планетата од нешта како загадување и уништување на шумите. Со учество во активности како што се собирање отпадоци и садење дрвја, го правиме нашиот свет посреќно и поздраво место за живеење.

  • Zlatno Trkalo 2022
    Актуелности15.05.2022

    Доделени наградите Златно Тркало 2022. Volkswagen ID.4 и Porsche Taycan се победници!

    Главната награда ЗЛАТНО ТРКАЛО за Најпосакуван Автомобил во Македонија оди кај Volkswagen ID.4Оваа година, електричниот SUV на Volkswagen се закити со титулата за „Најпосакуван Автомобил во Македонија“ со освоени 38.35% од гласовите. Porsche Taycan ја доби наградата Златно Тркало за Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија.

  • НОВОТО ЛИЦЕ НА НОВИОТ ŠKODA KAROQ Е ТУКА!
    Актуелности02.05.2022

    Новото лице на новиот ŠKODA KAROQ е тука!

    Во салоните на ŠKODA во нашата земја пристигна новиот, освежен KAROQ. Иновативниот KAROQ носи голем број значајни подобрувања. Дизајнот, удобната и модерна внатрешност, одржливите материјали, новите технологии и еколошките мотори, како и врвните безбедносни асистенти и поврзувањето.

  • МАКЕДОНСКА ПРЕМИЕРА НА НОВАТА ŠKODA FABIA
    Новости од салон31.03.2022

    Македонска премиера на новата ŠKODA FABIA

    Дваесет и две години по првото деби на ŠKODA FABIA, импортерот за чешкиот бренд Порше Македонија официјално ја претстави четвртата генерација на популарното градско возило. Основано на модуларната платформа MQB-A0 на Volkswagen групацијата, новата FABIA е најпросторното возило во сегментот, и вклучува бројни функционалности, како и напредни системи за безбедност. Класичните бренд карактеристики на ŠKODA, како одличната вредност за пари, високото ниво на функционалност и бројните Simply Clever решенија, ја прават новата FABIA вистинска ŠKODA.